Војна: Планета на мајмуните – филмот кој ги воодушеви критичарите.

Премиерно од денес во кино “Милениум”, “Cineplexx” и “3Д Кино Битола”.

 

Во филмот “Планета на мајмуните ВОЈНА” , третиот и последен дел од популарната франшиза, кој пристигнува во кината во четврток 13. Јули, режисерот Мет Ривс и актерската екипа ни ја носат битката за превласт меѓу интелигентните мајмуни и луѓето. Публиката ќе биде сведок на клучниот момент кој ќе ја одреди судбината на луѓето и целата планета засекогаш – ќе биде вклучена во емоционалното патување на главниот лик Цезар, предводник на мајмуните, чија цел е да обезбеди нов дом за неговата заедница , иако е растргнат од својата преданост кон семејството и честа, и желбата за одмазда која ја вознемирува неговата душа.

Во главните улоги ќе ги гледаме Вуди Харелсон, Стив Зен и Енди Серкис, кои ги следиме и во последните две продолженија од овој филм.

“Приказната за мајмуните зазема залет откако сјајниот Енди Серкис ја презема улогата на Цезар, водачот на заедницата  во 2011 година. Во третиот дел, Серкис и неговиот специјалет костим за снимање – претставуваат поезија во движење. Режисерот Мет Ривс ја прави личната војна помеѓу предводникот на мајмуните и Поколвникот неверојатно возбудлива во овој легендарен и амбициозен дел од приказната за мајмуните,” наведува Питер Траверс од списанието Ролинг Стоун.

Картите за прикажувањето на филмот “Планета на Мајмуните: Војна” се веќе во продажба на билетарите на кината низ Македонија.

 

Трејлер за филмот: линк

Related Article

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *