Кијану Ривс, канибализам и халуциногениот свет во неонски светла

„Гадната Група“ од 31ви Август во кината

Постапокалиптичниот филм „Гадната Група“ ни ја носи приказната за свет во беззаконие, дистопија криминал и безнадежност. Оваа необична приказна ја екранизираше познатата режисерка и сценаристка Ана Лили Ампирур, американка со иранско потекло, претставувајќи еден смел жанровски експеримент.
Дејството во филмот Гадната Група, сместено во врелите пустински дини, се фокусира на Арлен која неславно завршува во дистопискиот свет надвор од цивилизацијата. Изгубена, она станува заробеник на група канибали и додека Арлен се прилагодува на животот меѓу „гадната група“, сваќа дека изборот меѓу доброто и злото зависи од тоа до кого се наоѓаме
Светската премиера ја имаше минатиот септември на Филмскиот фестивал во Венеција, кога беше брендиран како „романтичен хорор-трилер“. Во таа прилика е награден и со специјална награда од жирито.
Филмот има сјајна актерска екипа, меѓу кои се Кијану Ривс, Џејсон Момоа, Џим Кери, Суки Ватерхаус, Диего Луна и Џовани Рибиси.
Лили Ампурур го сними „Гадната Група“ во калифорнискиот Слаб Сити во кој под оскудни услови живеат заедници на илегални станари од кои многумина се поајвуваат како статисти во филмот.
Домашната публика ќе има прилика да го погледне долго очекуваното остварување од 31ви Август во кината низ Македонија.

Related Article

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *