Шармантна приказна полна со добра храна, добро вино и одлична глума од

25 мај во кината

 

“Ајде да се преправаме дека незнаеме кои сме и каде одиме”. Тој момент кога Ана (Дајана Лејн) се одлучува да се предаде на моментот, авантурата и да дише со полна плуќа, оваа наизглед едноставна реченица и го промени својот поглед кон светот.

 

Дајан Лејн во улогата на Ана, жената на безгрижниот и секогаш зафатен продуцент (Алек Болдвин), тргнува на едно патување во Париз со бизнис партнерот на нејзиниот сопруг. Она што требаше да биде патување од седум часа се претвора во вистинска дводневна авантура. Добрата храна, виното, француски хумор, знаменитостите и романсата ќе и дадат на Ана нова страст за животот, а одговорот на прашањето дали тоа исто така ќе влијае и на нејзиниот брак, ќе дознаеме на самиот крај на филмот.

 

Режијата ја потпишува осумдесетгодишната Елеонора Копола, сопруга на познатиот режисер Франсис Копола.

“Често сум размислувала за филмовите во кои сум глумела и кои биле пишувани и режирани од мажи, и сцени кои со машки очи биле одбрани за време на монтажата. Дали премногу бараме ако сакаме луѓето да се запрашаат како изгледа целото искуство од женска перспектива?”, нагласува Дајана Лејн како нејзин најголем впечаток работејќи на овој филм.

 

Шармантната комедија „Париз може да почека” со Дајана Лејн, Алек Болдвин и францускиот глумец Арноо Вијар, може да се погледне во кината од 25 мај.

 

Трејлерот можете да го погледнете тука

Related Article

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *