„Другата страна на надешта– е филм на Аки Кауришмаки со отворен среќен крај и награден со Сребрена мечка за режија на 67. Берлински фестивал, а домашната публика ќе може да го погледне во кината од денес.

Најновиот филм на Кауришмаки е необична приказна за пријателство, која зрачи со топлина,човечност, емпатија и разбирање. Јунаците во филмот се Валдемар Викстрем, синоок средовечен господин кој работи како трговински патник и Сириецот Халед кој ја препешачи сириско-турската граница, бегајќи од војната. Халед, кој бара азил во Финска, чекајќи ја својата судбина го запознава трговинскиот патник кој ќе му стане пријател и заштитник.

„Другата страна на надештае втор од трилогијата на филмови планирани од Кауришмаки за пристанишните градови и уште еден кој покажува за богатството на социјалната нерамнотежа. Во главните улоги ќе ги гледаме финските глумци Сакарија Куосманен и Шерван Хајиа.

Related Article

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *