„Кингсман: Златниот круг“ премиерно на 21. септември, картите веќе во продажба!

Вториот дел од урнебесната акциона комедија за британските шпиони „Кингсман: Златниот круг“ ни пристигнува во кината на 21. Септември, а картите веќе се во продажба на благајната во Синеплекс.
Терон Еџертон се враќа како Егзи, момчето кое во првиот дел е избран за нов припадник на независната, меѓународна, разознавачка агенција Кингсман. Во вториот дел јунаците се соочуваат со нови предизвици.
Откако нивното седиште ќе биде уништено, патувањето ќе ги доведе до откритие на сродна шпионска агенција „Статесман“, која датира од времето кога и двете агенции се основани. Во оваа авантура која ги тестира нивните граници, овие две елитни агенции ќе мора да се здружат за да го победат немилосрдниот заеднички непријател.
Во улогата на главен негативец ќе ја гледаме Џулиен Мур, против која ќе се бори феноменална екипа од британски и амерички шпиони: Терон Еџертон, Колин Фирт, Марк Стронг, Ченинг Тејтум, Хали Бери, Педро Паскал и Џеф Бриџис. Помеѓу сите овие холивудски великани се најде и музичарот Елтон Џон, кој во филмот остварува впечатлива улога, глумејќи се себеси.
Домашната публика ќе има прилика да го погледне долго очекуваното остварување од 21.Септември во кината ширум Македонија

Related Article

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *