По големиот успех на првите два дела на франшизата „Лавиринт“, ни пристигнува последниот дел од глобално популарната филмска трилогија, базирана на истоимениот серијал книги од авторот Џејмс Дашнер.

Режисерот Вес Бол работеше на сите продолженија од трилогијата, додека во главните улоги повтрорно ќе ги гледаме Дилан О’Брајан, Каја Скоделарио, Томас Броди-Сангстер, Џанкарло Еспосито, Декстер Дарден, Натали Емануел и други.

Ова е убедливо најголем филм кој го имаме направено досега, воедно и најкомплицираниот. Во првиот дел ги прикажувавме работите од еден агол. Во вториот дел ја гледавме ситуацијата од три агли, а сега ќе прикажеме пет различни приказни кои се судираат во еден град“, објаснува Бол

Мислам дека третиот филм ќе ја долови поентата на моите книги, а таа е секое продолжение да има екстремно различно чувство за приказната од останатите. Во третиот дел ќе видиме повеќе од амбиентот во „ВИКИД“ и урбаниот живот. Ќе видиме какви се градовите што сеуште функционираат во овој руиниран свет, и мислам дека ќе биде многи забавно…“ истакнува Дашнер, кој беше вклучен во работата на филмот.

 

Дистрибутерската куќа МЦФ во соработка со книжевниот центар Антолог ќе ги наградат најверните фанови на сагата Лавиринт со комплет книги од трилогијата, како и гратис билети за филмот.
Затоа следете ги социјалните мрежи и уживајте со добра книга и филм.

Related Article

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *