Анимираниот филм „Мисија Катманду: Авантурите на Нели и Симон“, на режисерот Пјер Греко, пристигнува во домашните кина на 24 мај, и нѐ носи во неверојатните предели на Непал со возбудлива приказна која ќе ги забавува најмладите, но и по возрасните.

Приказната е сместена во 1956 година, а во центарот на случувањата се наоѓа Нели Малој, приватна детективка и научникот – истражувач Сајмон Пикард, кои ги спојува судбината и ги носи во далечниот Непал во потрага по Јети. Кога Сајмон ќе тргне во потрага по алката што недостасува, тој и Нели ќе се најдат во возбудлива авантура заедно со Тенсинг, младиот шерпас и зборливата Мина. Заедно, тие ќе се соочат со бројни опасности за време на својата мисија на Хималаите
. Во меѓувреме погледнете го трејлерот.

Related Article

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *