Најновото остварување на Тим Хантер, психолошкиот трилер „Огледало“, со Николас Кејџ и Робин Тани во главните улоги, пристигнува во кино вечерва 07 јуни, и носи приказна за брачен пар кој случајно пронаоѓа мрачна тајна која ја крие нивниот бизнис потфат.

Приказната следи брачен пар кој купува стар мотел во пустина во потрага по нов почеток, по трагичната несреќа во која ја губат ќерката. Но тоа што навидум изгледа како совршено бегство од претходниот живот, се претвора во авантура низ таинствен свет кога Реј (Николас Кејџ) ќе открие двострано огледало и случајно ќе посведочи убиство. Во превртлива игра , Реј мора да се бори за својата и безбедноста за својата сопруга од ужасните тајни поврзани со мотелот и чудните луѓе кои го посетуваат.

Тим  Хантер е американски телевизиски и филмски режисер со потекло од Лос Анџелес. Најголемиот дел од кариерата ја поминува во телевизија, како режисер на епизоди од некои од најпопуларните серии, меѓу кои се „Чиста Хемија“, „Закон и Ред“, „Гли“, „Слатки мали лажливки“ и „Американска хорор приказна“. Еден од неговите истакнати филмови е наградуваниот „Работ на реката“ од 1986 година.

Од вечерва, 07 мај филмот „Огледало“ ќе се најде на редовниот репертоар на Синеплекс.

Related Article

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *