Контраверзен трилер за модерниот тероризам
„Ноктурама“ во градско кино Милениум од 12.Октомври

Остварувањето „Ноктурама“, од режисерот Бертран Бонело представува провокативен портрет на париските терористи на модерното време. Филмот детално следи група млади луѓе, уморни од општеството во кое живеат, додека планираат и извршуваат серија терористички напади во Париз.

Тие не се класични екстремисти, туку луѓе од различно потекло, што го прави овој филм котраверзен. Филмот „дигна прашина“, и изнуди различни реакции на премиерата што ја имаше минатата година на филмскиот фестивал во Торонто, само 10 месеци по терористичките напади на главниот град на Франција.

Индиваер (Indiewire ) го оцени филмот како „портрет на радикално насилство, кое нема сличности со тероризмот каков што го познаваме, но сепак на моменти делува многу реално.“

Сценариото за филмот го напиша Бертран Бонел, а во главните улоги се Финеган Олдфилд, Винсент Ротије и Хамза Мезијани

Олдфилд истакнува дека идејата за филмот не била тероризмот, туку побуната на младите слична на онаа од 1968 година. Според него, сценариото за филмот е напишано во 2015 година, но по настаните во Париз во 2015-та, за филмот се говори од поинаква перспектива.

Бертран Бонел е роден во 1968 година во Франција. Работи како режисер, сценарист, продуцент и композитор. неговата кинематографска работа се врзува за бранот на Новиот Француски екстремизам. Неговите дела се номинирани за престижни награди меѓународните фестивали, а филмот „Сен Лорен“ беше француски кандидат за оскар за најдобар странски филм во 2014та година

Related Article

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *