Кога судбината на двата народи зависи од двајца непријатели, ќе биде потребно чудо да се постигне мир или барен едно непланирано патување.

 

Филмот „Патување” е драма инспирирана од големата пресвртница во британската исткроија, а домашната публика ќе може да го погледне во големото платно од 8 јуни.

 

По 40 години конфликт во Северна Ирска, водечките играчи  ќе се состанат во Санкт Андрес за да договараат конечен и траен мировен договор. Успехот од преговорот зависи од Иан Пејсиња, лидер на Демократската унионистичка партија, и поранешниот командант на ИРА, Мартин Мекгинис, двајца непријатели, кои околностите ги принудуваат да бидат заедно . По првичната навреда, нивниот разговор го промени курсот и почнуваат да се појавуваат пукнатини во нивните оклопи. Ривалите дознаваат дека не се толку различни и започнуваат да градат пријателство.

 

Филмот својата премиера ја имаше на минатогодишниот фестивал во Венеција и многу критичари го сметаа овој филм од клучно значење за Ирска и англиската политичка цена, затоа што овој филм веродостојно ги прикажуваше случувањата помеѓу овие две земји низ „пријателството” на двајца луѓе.

 

 

Улогите на политичарот Пејсиља и Мекгинис се доверени на актерикте Тимоти Спол и Колм Минија, додека режијата ја потпишуваат Ник Хам, британски режисер и продуцент.

 

Филмот во домашните кина ќе биде прикажан од 8 јуни, а до тогаш погледнете го трејлерот.

Related Article

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *