Амитивил: Будење во кината од 27. јули
Вистинските случувања му послужија како инспирација на режисерот Френк Калфун за хорор филмот “Амитивил: Будење”, кој ни ја носи приказната за најпознатата проколната куќа во Америка, во која се појавуваат чудни случувања.

Бел (Бела Торн), нејзината сестра Џулиет(Мек Кена Грејс) и нејзиниот болен брат близнак Џејмс(Камерон Монаган), се селат во нова куќа со нивната самохрана мајка Џоан(Џенифер Џејсон Ли), како би заштедиле пари за скапото лекување на братот. Но кога почнуваат да се појавуваат чудни феномени во куќата, вклучувајќи го и чудеснотот опоравување на нејзиниот брат и ужасните кошмари, Бел почнува да се сомнева дека нејзината мајка не и кажува сé – набрзо дознава дека се вселени во озогласената куќа Амитивил.

 

За сценариото е заслужен Френк Калфун, а зад потписите на продукцијата стојат мајсторите за хорор филмови Даниел Фарандс, Кејси Ли Скала и Џејсон Блум.

Домашната публика ќе има можност да го погледне филмот „Амитивил: Будење“ од 27. јули во кината низ Македонија

Легендата за Амитивил
Амитивил е еден од најпознатите случаи на опседнати куќи. Целата легенда се врзува со престојот на семејството Лук во куќата во 1975 год, откако година дена претходно на спиње се убиени шест членови на семејството ДеФео. За убиствата е осуден најстариот брат од семејството Роналд ДеФео. Откако јавно ја раскажуваат за ужасните случувања во таа куќа, напишани се безброј книги, снимени се документарни филмови, а и ден денес се води полемика околу куќата. Кон крајот на минатата година куќата е продадена за 850 илјади долари.

Трејлер

Related Article

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *