Тајландскиот режисер Апичатонг Верасетакул овој пат ја однесе Тилда Свинтон на метафизичко патување во прашумите на далечната Колумбија, со што си ја обезбеди главната награда од жирито на фестивалот во Кан каде што филмот „Меморија“ беше премиерно прикажан. Нашата публика ќе може да ужива во ова аудио-визуелно ремек дело од 17 март.

Тилда ја глуми Џесика, англичанка која живее во Колумбија, која продава цвеќиња на локалниот пазар. Заминува за Богота да ја посети својата сестра Карен и нејзиниот сопруг Хуан, затоа што сестра и е во болница со мистериозни респираторни тегоби. . Една ноќ Џесика се буди од силен тресок или јак звук. Не сака да се помири додека не го најде изворот на звукот.

Актерката препознатлива по својата моќ на трансформација, Тилда Свинтон е посветена на работата со најдобрите режисери на денешницата. Соработуваше со Џим Џармуш, Бонг Џон Ху како и со Вес Андерсон. Филмот „Меморија“ премиерно започнува со прикажување на 17 март во киното Синеплекс.
трејлер „Меморија“

Related Article