Синопосис

Од двајцата филмски визионери, Џејмс Камерун (Аватар) и Роберт Родригез (Град на Гревот), пристигнува Алита: Борбениот Ангел, епска авантура на потрага по надеж и сила. Кога Алита (Роса Салцар) ќе се разбуди без сеќавања, во светот на иднината, ќе ја пронајде Ајдо (Кристоф Волц), доктор кој увидува дека во ова оддамна напуштено тело на киборг се наоѓа срце и душа на девојка со извонредно минато. Додека Алита се прилагодува на новиот живот во Ајрон Сити, Ајдо сѐ обидува да ја заштити од нејзиното мистериозно минато, а нејзиниот нов другар Хуго (Киан Џонсон) се обидува да и ги врати сеќавањата. Но, кога смртоносните и корумпирани сили кои го водат градот ја напаѓаат Алита, таа ја дознава вистината за своето минато, таа поседува борбени вештини кои моќниците ќе се обидат да ги контролираат по секоја цена. Доколку успее да остане надвор од нивниот дофат, таа може да биде клучот за спасување на нејзините пријатели, семејство и светот во кој е израсната.

Видео & Фото

2 photos