Синопосис

За време на еден празник, Нед (Кренстон) заштитнички настроен татко и неговата фамилија доаѓаат во посета на нивната ќерка студентка (Дојч) каде што Нед ја запознава својата најголема ноќна морa: нејзиниот љубезен, социјално заостанат, но изразено богат дечко Лерд (Франко). Како и секој премногу заштитнички татко, Нед мисли дека Лерд не е доволно добар за неговата ќерка и ќе се обиде да разбере што е тоа што таа гледа во него. Нападот на паника на Нед ескалира кога ќе сфати дека Лерд има намера да ја запроси неговата ќерка за Божиќ. Режијата ја потпишува Џон Хамбург, а покрај Џејмс Франко и Брајан Карнстон, во филмот глумат и многу други познати холивудски лица како што се Зои Дојч и Меган Малали кој го знаеме како лудaтa Карен Вокер од серијата Вил и Грејс.

Видео & Фото

4 photos

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *