Синопосис

Австрискиот режисер Михаел Ханеке, познат кај публиката како режисер кој се занимава со општествените прашања и ја отсликува оттуѓеноста која поединецот ја доживува во модерното општество, ни претставува уште една приказна со слична тематика во својот најнов филм „Среќен Крај“, кој пристигнува во домашните кина од 28. Декемви.

„Среќен Крај“ е сатирична драма за богата француска фамилија која живее „под стаклено ѕвоно“ во северна Франција, несвесна за човечката беда која е присутна во бегалските кампови околу градот Кале, неколку километри од нивниот дом.

Сценариото и режија за филмот ги потпишува Михаел Ханеке, а во главните улоги ќе ги гледаме Жан-Луи Тринтиган, Изабел Упер и Метју Касовиц.

Иако Жан-Луи Тринтиган се повлече од светот на филмот во 2003 година, тој исклучиво прифаќа ангажмани на повик на Михаел Ханеке. Тој го гледа Ханеке како најважен жив режисер и би глумел за него во било кој филм, без разлика на улогата, додека пак Ханеке гледа на Тринтиган како еден од личните фаворитит на сите времиња, рамо до рамо со Марлон Брандо.

Видео & Фото

2 videos 3 photos

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *