ВНИМАНИЕ: текстот содржи спојлери од филмот

„Дедпул 2 “ е преполн со духовити моменти, акција и неколку забавни и изненадувачки споредни улоги. Но и ако сте го гледале филмот, постои голема можност да не сте ги забележале некои од најголемите холивудски ѕвезди, затоа што се појавуваат само на неколку секунди или се така добро маскирани да не можете да ги препознаете.

  1. Бред Пит како Венишер

Бред Пит глуми како член на ИКС – Форс тимот под името Венишер. Во голем дел од филмот тој е невидлив, меѓутоа кога ќе удри во електрична ограда ни станува јасно дека се работи за Бред Пит. Неговото појавување трае само осум фрејма, па ако сте погледнале во телефон или сте свртеле поглед за момент , можно е да сте ја пропуштиле оваа впечатлива сцена.

 

  1. Мет Дејмон и Алан Тјудик

Ако сте го гледале филмот „Дедпул 2“, сигурно се сеќавате на сцената во која Кејбл за прв пат патува низ времето, а кога пристигнува од иднината, краде автомобил од двајца примитивци. Е тоа се Мет Дејмон и Алан Тјудик со многу шминка на себе. Интересно е што Мет Дејмон е маскиран во Дики Гринлиф, лик кој го играше Џад Лоу во филмот „Талентираниот Господин Рипли“, а чиј идентитет го превзема ликот на Дејмон, Том Рипли.

  3. Рајан Рејнолдс како Џагернаут

Во одјавната шпица за филмот можевме да приметиме дека Џагернаут го игра „тој самиот“. Меѓутоа, верувале или не , неговиот глас го позајмува Рајан Рејнолдс. Гласот му е компјутерски обработен да звучи многу подлабоко, па ете објаснување како тоа можеше да ни избега.

Да ги имаш најголемите светски ѕвезди на филм, а потполно да го истрошиш нивниот талент – тоа е баш дедпуловски, зар не? Обожавателите на филмот за омилениот антихерој секако ќе знаат да го ценат тоа.

 

Related Article

Напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *