Мегалополис

Синопсис

Еден од најголемите режисери во историјата на американската кинематографија, Френсис Форд Копола (трилогија „Кум“, „Прислушување“, „Апокалипса денес“, „Дракула“) го претставува своето ново визионерско ремек дело, научно-фантастичниот спектакл МЕГАЛОПОЛИС, епска римска приказна сместена во модерна Америка. Градот Нов Рим мора да се промени, што предизвикува конфликт меѓу Цезар Катилин, генијален уметник кој бара пат кон утопистичка, идеалистичка иднина, и неговиот ривал, градоначалникот Френклин Цицерон, кој, пак, сака да остане верен на регресивениот статус кво, на вечната алчност, со посебен интерес кон партизанското војување. Помеѓу нив двајца е Јулија Цицеро, ќерката на градоначалникот чија љубов кон Цезар ја раскинува нејзината лојалност кон двајцата, принудувајќи ја самата да открие што навистина заслужува човештвото…

Премиерно во официјална конкуренција на Канскиот филмски фестивал!

Видео и фотографија

1 Фотографии