Добитникот на златна мечка за најдобар филм во Берлин на редовниот репертоар во кината

Во режија и сценарио на познатиот романски режисер Раду Џуде, филмот „Улаво порно или со среќа дупење“, ја освои наградата за најдобар филм , златна мечка, на филмскиот фестивал во Берлин 2021год. Покрај провокативниот наслов Раду се занимава со двојните стандарди и хипокризијата на денешното општество, за што доби одлични критики како од публиката така и од филмските критичари.

Еми е учителка која стравува дека кариерата и репутацијата ѝ се уништени откако на интернет ќе се најде нејзина интимна снимка. Принудена да се состане со родителите и да ја брани својата чест, Еми одбива да се предаде на притисокот.

Филмот „Со среќа дупење или улаво порно“ влегува во редовниот репертоар на домашните кина, а нашата публика ќе може да го погледне од 24 март во киното Синеплекс во Скопје и 3Д киното во Битола.

Поврзани статии

ИФФК „Браќа Манаки“ и дистрибутерската куќа МЦФ организираат две специјални проекции на оскаровецот „Поплава“

ИФФК „Браќа Манаки“ во соработка со дистрибутерската куќа МЦФ во рамки на проектните активности на Јадранската мрежа на фестивали организира две специјални проекции на „Поплава“-  најдобриот

Прочитај повеќе

Титан – минатогодишниот победник на Канскиот фестивал  од денес во кината

Провокативен еротичен филм кој ги поместува границит на кино уживањето Бајка за возрасни исполнета со гнев, љубов и осаменост, физичка борба, користејќи ги необичните физички

Прочитај повеќе