Во режија и сценарио на познатиот романски режисер Раду Џуде, филмот „Улаво порно или со среќа дупење“, ја освои наградата за најдобар филм , златна мечка, на филмскиот фестивал во Берлин 2021год. Покрај провокативниот наслов Раду се занимава со двојните стандарди и хипокризијата на денешното општество, за што доби одлични критики како од публиката така и од филмските критичари.
Еми е учителка која стравува дека кариерата и репутацијата ѝ се уништени откако на интернет ќе се најде нејзина интимна снимка. Принудена да се состане со родителите и да ја брани својата чест, Еми одбива да се предаде на притисокот.
Филмот „Со среќа дупење или улаво порно“ влегува во редовниот репертоар на домашните кина, а нашата публика ќе може да го погледне од 24 март во киното Синеплекс во Скопје и 3Д киното во Битола.