Провокативен еротичен филм кој ги поместува границит на кино уживањето
Бајка за возрасни исполнета со гнев, љубов и осаменост, физичка борба, користејќи ги необичните физички метафори за да се опише емоционалната состојба на главните ликови. Доволно е да се каже дека приказната фокусирана на Алексија, која минатата година ја играше извонредната Агата Расел, беше главна тема долго по завршувањето на Канскиот филмски фестивал. Оваа физичка, хорор бајка од денеска е во кината. По низа нерасчистени злосторства, таткото е повторно споен со својот син, кој десет години се води како исчезнат.
Титаниум: Метал многу отпорен на топлина и корозија, со легури со висока цврстина на истегнување. Главната хероина во филмот е Алексија, дива и компулсивна танчерка која е во центарот на делириумскиот хорор, на француската филмска режисерка Јулија Дукурно „Титан“, именувана по титаниумската плоча која била вградена во черепот на Алексија во детството по една автомобилска несреќа. Јулија Дукорно, која исто така го сними и контроверзен филм „Raw“, минатата година на многу необичен начин, кога модераторот Спајк Ли предвреме ја прогласи Јулија за победничка на Канскиот филмски фестивал, ги доби сите најдобри критики за нејзиниот филм. Титан“. Во втората главна улога, покрај Агата Расел, е и Винсент Линдон, кој исто така се обидува да си го скроти телото, па во филмот се прикажуваат две телесни трансформации паралелно – на Алексија и на Винсент.
Филмот „Титан“ премиерно на редовниот репертоар на киното Синеплекс од денес.