aMax-Steel-movie-stil

Макс Стил

Макс Стил
Макс Стил е приказна за тинејџерот Максвел Мекграт и неговиот пријател вонземјанин Стил, кои со  спојување на нивната специјално турбо-енергетска моќ можат да го креираат сетилниот суперхерој Макс Стил. Приказната се концентрира кон тоа децата да го претстават позитивниот и хуман херој нагласувајќи тимска работа, смеа и пријателство.

 

 

 

 

 

AW

Тролови

Кога Мака, оптимистична и весела принцеза на троловите, започнува опасна мисија за спасување на своите најдобри другари од гладниот Берген таа доаѓа до тоа да го молиЗекерал за помош, градскиот кувар- песимистички реалист кој сака да и докаже на принцезатадека светот не е колачи и виножито. Тие двајца заедно ке се впуштат во авантура која ќе ги однесе надвор од светот кој им е познат
Гвен стефани, Џастин Тимберлејк и Ана Кендрик ги позајмуваат гласовите во оригиналната верзија на филмот
Тролови ќе биде синхронизиран на македонски јазик, а во домашните кина пристигнува од 3. ноември.

Subura-1

Субура

Субура е италијански неоноар филм кој настанал по новелата на Карло Биниња и Џанкарло де Каталда. Режијата е на Стефано Солима, режисер на познатата италијанска серија за мафијата, Гомора.Мафијашот познат по прекарот Самурај, сака едно мало гратче во околината на Рим да го претвори во нов Атлантик Сити. Успеал на своја страна да ги привлече корумпираните политичари и многу моќниот кардинал кои го штитат. На прв изглед сите локални мафијаши се согласиле да работат заедно на исполнување на оваа цел. Но, мирот не траел долго бидејќи војната меѓу бандите се заканува да го уништи големиот сон на Самурајот.

aaaac3

Асасинс крид

Калум Линч, чиј лик го толкува Мајкл Фасбендер, открива дека е потомок на тајното друштво „Асасин“ благодарение на револуционерната технологија која ги отклучува неговите генетски сеќавања. Со  нејзина помош тој ќе ги проживее авантурите на неговиот предок Агилар кој живеел во 15 век во Шпанија. Откако ќе се здобие со неверојатно познавање и моќ, Линч ќе се врати во современата доба за да им се спротистави на опасните и моќни витези-темплари.

„Асасинс крид“ е една од најуспешните акциони ири на денешницата, а ова е прв филм снимен според неа.

Режијата е на Џастин Курзел, а покрај Фасбендер глуми и оскаровката Марион Котијар, Мајкл Кенет Вилјамс и Џереми Ајронс

 

kkkimage

Распрснување

Од режисерот на филмот „Јас сум љубов“, номиниран за наградата „Оскар“, ни пристигнува единстената, провокативната и напнатата психолошка драма „Распрснување“. Рок легендата Мериен Лејн (Тилда Свинтон) ќе замине на одмор на вулканскиот остров Пателерија во Италија со нејзиниот партнер Пол (Матијас Шунартс) кога Хенри, иконокластичниот музички продуцент и нејзин поранешен љубовник, одненадеж ќе пристигне со неговата ќерка Пенелопи (Дакота Џонсон) и ќе им го наруши одморот, донесувајќи со себе експлозија на носталгија од која не може се побегне. „Распрснување“ е сензуален портрет на конежот, љубомората и рокенролот потопени во медитеранското сонце.

maxresdefault-1

Мајк и Дејв бараат женски

Мајк (Адам Давин) и Дејв (Зек Ефрон) се близнаци кои родителите ги принудиле да си најдат партнерки за венчавката на нивната сестра на Хаваите. Барајќи излез од оваа ситуација, тие поставуваат оглас на интернет кој станува вистинска медиумска сензација. Девојките Алис (Ана Кендрик) и Татјана (Обри Плаза) кои се јавуваат на огласот, никако не сакаат да ја пропуштат фантастичната прилика за авантура на Хаваите со браќата. Меѓутоа, животот не е секогаш онаков како што сте го замислувале, па така Мајк и Дејв не добиваат партнерки какви што очекувале.
1

Чувари на Оз

Откако лошата вештерка од Запатото се стопи, а Дороти се врати во својот свет, Глинда, добрата вештерка од југот ќе одлучи да ја оживее лошата вештерка и нејзините моќи така што од нив ќе направи магична метла. Пријателите на Дороти – страшливиот Лав, плашилото и лимениот човек ќе станат чувари на таа метла.

Megin-plan

Планот на Меги

Планот на Меги да биде самохрана мајка нема да успее оној миг кога ќе се заљуби во Џон, оженет човек кој поради неа го напушта нестабилниот брак со брилијантната Гегорет. Една ќерка и три години подоцна, Меги се наоѓа во дилема дали ги разделила сродните души. Овој филм претставува романтична комедија напишана и режирана од страна на американската глумица, режисерка и сценаристка Ребека Милер. Во филмот играат Грета Гервиг, Џулијан Мур, Итан Хок и Били Хејдер.

прицха

Приказна над приказните

Некогаш одамна постоеле три соседни кралства со преубави замоци во кои владееле кралеви и кралици, принцови и принцези. Едниот крал бил блудник и развратник, вториот маѓепсан од чудо животно, а една кралицата опседната со желбата да добие дете.

Волшебници, самовили, страшни чудовишта, стари перачки, акробати и куртизани се дел од ликовите на оваа интерпретација на славната приказна на Џанбатиста Базиле.

 

jane-got-a-gun09

Опасната Џејн

Во фокусот на приказната се наоѓа Џејн Хамонд (Натали Портман) која, по низата напади од страна на опасната банда на момците Бишоп, успева да создаде нов живот со својот маж Бил. Повторно ќе се најде во рацете на оваа опасна банда кога нејзиниот маж одново ќе трне во пресметка во нив и со нивниот немилосрден водач Колин. Бидејќи одмаздољубивата банда ќе им биде зад петиците, Џејн нема кому да се обрати за помош освен на својот поранешен свршеник Дан Фрост. По нивната средба, старите спомени почнуваат да ја прогонуваат Џејн, и нејзиното минато се среќава со  нејзината сегашност во оваа борба за опстанок.